Второто коло во машката пионерска лига е закажано за утре кога се играат најголемиот дел од натпреварите, а по еден има за недела и за во понеделник.
За ланскиот финалист Еурофарм Пелистер викендов почнува првенството бидејќи во првото коло беа слободни. Тие на домашен терен ќе ја пречекаат Струга која во првото коло ремизираше со Вардар. Актуелниот шампион, екипата на Охрид има „лесно“ гостување кај Бутел и очекуваат сигурен триумф.
Дерби ќе има и во Автокоманда каде Мулти Есен го пречекува Вардар.
Во Б групата дербито би требало да биде меѓу Куманово и Македонија ЃП. Дуелот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 е исто така средба на две непоразени екипи.
ПИОНЕРИ – 2 коло
Група А – САБОТА
Еурофарм Пелистер – Струга 14 ч.
Бутел – Охрид 16 ч.
Мулти Есенс – Вардар 15 ч.
НЕДЕЛА
Прилеп – Пролет 16 ч.
Динг – слободен
Група Б – САБОТА
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 12 ч.
Шампион – Радовиш 14.
Куманово – Македонија ЃП 13 ч.
Понеделник
Младост – Алкалоид 18,30 ч.
Гемиџии – слободни