Претстојниот викенд ќе се одиграат шесте натпревари од второто коло во женската пионерска конкуренција.
Шампионот Ѓорче Петров ќе го пречека новиот тим во оваа конкуренција Охрид, додека Струга ќе бара втор триумф против залетаниот Астибо.
Фаворити на своите натпревари се и екипите на Вардар, Металург Автокоманда и Чаир, а интересно се очекува да биде на пресметката меѓу Шампион и Илинден Вардар.
Пионерки, 2 коло, распоред на натпревари:
27/09, 12:00, Шампион – Илинден Вардар
27/09, 14:00, Вардар – Јехона
27/09, 18:00, Ѓорче Петров – Охрид
28/09, 12:00, Спартак – Металург Автокоманда
28/09, 12:30, Струга – Астибо
28/09, 17:00, Кале Кичево – Чаир