Познати арбитрите во Супер лигата – Браќата Илиевски во Кавадарци, Николов и Начевски во Битола

Натпреварувачката комисија во Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за претстојните натпревари во Супер машката лига.

На гостувањето на Охрид кај Еурофарм Пелистер 2, правдата ќе ја делат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, додека во Кавадарци каде гостува Вардар за арбитражата ќе бидат задолжени браќата Илиевски.

Бутел оди на гости кај Куманово, а таму ќе судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека за судењето во Прилеп каде доаѓа Прилеп задолжени се Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Супер лига, 4 коло, распоред на натпревари:

26/09, 18:00, Еурофарм Пелистер – Струга (Спаско Ќаев/Иван Илиевски)
27/09, 18:00, Еурофарм Пелистер 2 – Охрид (Славе Николов/Ѓорѓи Начевски)
27/09, 18:00, Радовиш – Алкалоид (Рубинчо Седлоски/Горан Ангелески)
27/09, 18:30, Прилеп – Пролет (Даниело Божиновск/Виктор Начевски)
27/09, 19:00, Куманово – Бутел (Димитар Митревски/Благојче Тодоровски)
27/09, 20:00, Кавадарци – Тиквеш (Методија Илиевски/Михајло Илиевски)