Младинките стартуваат викендов – пет екипи во битка за титулата

По младинците, кадетите, пионерите и пионерките, претстојниот викенд ќе стартува младинската женска лига.

Петте екипи ќе одиграат вкупно десет кола за време на целата сезона, односно по осум натпревари, по кои ќе се одлучи новиот шампион.

Минатата сезона шампионската титула ја освои Металург Автокоманда, но овој клуб не пријави екипа во новата сезона.

Атлетик, Ѓорче Петров 2, Гевгелија Југ, Куманово и Пелистер се петте екипи што ќе играт за титула, а меѓу фаворитите се Атлетик и Ѓорче Петров 2.

Поради европските обврски на Куманово, нивниот дуел со Гевгелија Југ ќе се игра в четврток, додека новата сезона ќе ја отворат Атлетик и Ѓорче Петров 2 в недела.

Младинки, 1 коло, распоред на натпревари:

28/09, 13:00, Атлетик – Ѓорче Петров 2
02/10, Гевгелија Југ – Куманово
Пелистер слоб.