Јана Равојска со нов предизвик – ќе игра за некогашен освојувач на Челинџ Купот

Поранешната младинска репрезентативка на Македонија, Јана Равојска, од ова лето има нов предизвик во кариерата.

Левото крило ќе ги брани боите на некогашниот освојувач на трофејот во Челинџ Купот од 1999 година, Напредак Крушевац.

Во овој клуб своевремено играа едни од најдобрите српски ракометарки Љиљана Кнежевиќ, Злата Паплацко, Тања Милановиќ, Ана Војчиќ, Ана Ѓокиќ…а токму од Крушевац почна и ракометниот пат на Андријана Будимир.

Равојска веќе дебитираше за тимот од Крушевац и на првиот меч со Партизан во триумфот со 30-22 даде два гола, а на вториот дуел со Железничар Инџија во победата со 28-26 беше меѓу најдобрите со постигнати четири погодоци.

Ова е втор клуб во Србија за македонската интернационалка откако минатата сезона ја мина во екс шампионот Јагодина.

Равојска во Македонија настапуваше за составот Скопје, а претходно го носеше дресот и на тимот на Вардар.