НИКОЈ КАКО стружанецот Војо Кљеноски – три меча за три дена со сениори, кадети и пионери

Еден од бисерите на струшкиот ракомет, Војо Кљеноски, имаше продолжен викенд на ракометните терени.

Младото десно крило со 15 години е дел од првиот тим на Струга, но има право на настап и во пионерска и кадетска конкуренција.

Кљеноски најпрво во саботата играше за Струга на пионерскиот натпревар против Вардар во ремито 19-19 и даде осум погодоци.

Во неделата десното крило играше за кадетите на Струга во поразот од Прилеп со 36-32 и успеа да погоди дури 11 пати.

Вчера, пак, Кљеноски беше дел од составот на сениорскиот тим на Струга и играше во Супер лига на мечот со Тиквеш.