Црногорскиот великан Будуќност, по долги години успешна соработка, денеска спогодбено се раздели со досегашната предводничка Бојана Поповиќ.
Истовремено, клубот објави дека нов предводник на црногорскиот гигант ќе биде искусниот стручњак од Цетиње, Зоран Абрамовиќ.
Тој својот деби натпревар на клупата ќе го има веќе во сабота, кога Будуќност во рамки на 3. коло од Лигата на шампионите ќе го пречека европскиот првак Ѓер.
Поповиќ ја презеде Будуќност во ноември 2020 година, по заминувањето на Драган Аџиќ, чиј прв асистент беше долги години.
„Заедничкиот заклучок од разговорите во последните денови е дека спогодбениот раскин на соработката е најдобро решение во овој момент, со надеж дека клубот ќе ги оствари зацртаните цели во остатокот од сезоната“, се вели во соопштението на Будуќност.
Бојана Поповиќ во меѓувреме стана асистент тренер на Хеле Томсен на клупата на данската репрезентација.