Македонските ракометни клубови одиграа свое мало финансиско дерби, а според анализата на Пари врз основа на податоци од Бизнис Мрежа, шампион по приходи за 2024 година е Еурофарм Пелистер со 1,9 милиони евра – раст од 19% во однос на 2023.
Зад него се тимот од Автокоманда со 1,6 милиони и Вардар 1961 со 1,09 милиони евра, и двата клуба со пад на приходите во однос на претходната година.
Најголемото изненадување е ГРК Охрид кој речиси ги удвои приходите, достигнувајќи 976,4 илјади евра (+81,6%). На дното на листата се Еурофарм Пелистер 2 (232 илјади евра) и Бутел Скопје (212 илјади евра).
Иако најбогатите клубови ја предводат табелата на приходи, најголема добивка има Вардар Неготино со 30,9 илјади евра, пред Охрид со 21,9 илјади и Прилеп со 6,1 илјада евра. Интересно, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 не се меѓу првите десет клубови по добивка, што јасно покажува дека високите приходи не гарантираат профит. Во анализата на Пари можете да прочитате и кој клуб колку вработени има.
Причитајте ја целата анализа на следниот линк