Изминатиот викенд стартуваше и младинската лига во машка конкуренција, а шампионот запиша триумф на гостувањето кај Бутел Скопје.
Мартин Иванов го водеше Куманово до важна победа на гостински терен кај Вардар со 12 погодоци, додека за „црвено-црните“, Огнен Тасевски постигна исто толку.
Двете најинтересни средби се играа во Битола, а таму двата тима на Еурофарм Пелистер запиша победи против скопските ривали.
Вториот тим забележа победа против Пролет, 31-28, предводен од Алдин Фехми со девет и Томче Пецаковски со седум гола. За гостите, кадетскиот репрезентативец Лука Јовиќ даде девет погодоци.
Првиот тим на битолчани во дербито триумфираше со 29-28 против „сино-белите“ од Автокоманда, кои имаа пенал за реми во финишот, потоа уште една акција да се вратат со бод, но не успеаја да погодат.
Павел Велјановски со шест, како и Јован Симоновски и Стефан Василевски со по пет гола го водеа составот на Фарук Мемиќ и Кире Митревски до победа.
Младинци, 1 коло, резултати:
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 31-28
Вардар – Куманово 25-30
Бутел Скопје – Мулти Есенс 29-34
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 29-28
24/09, 20:00, Вардар Неготино – Тиквеш