Вардар без крилото Кеита најмалку два месеци

Вардар потврди дека левото крило на Вардар, Махамаду Кеита ќе паузира најмалку два месеци поради операција на рамото. Интервенцијата е извршена во Загреб и тој веќе го почнува процесот на рехабилитација. Тој не беше на последниот дерби меч со Охрид, туку истиот го следеше од трибините.

Поради проблеми со рамото, беше решено хируршката интервенција да биде извршена побрзо со цел да може и побрзо да се врати на теренот. Кеита дојде на почетокот на сезонава и покрај играњето во напад, особено важен беше за одбранбените задачи на тимот.

Во моментов единствено лево крило во тимот е Марио Стојановски.