Најмалку неколку месеци Вардар ќе биде без еден од своите голмани. Причината е повреда и веројатно единствена опција е хируршка интервенција. Португалскиот голман Мигуел Ферерира Еспиња има повреда на менискус на коленото и неколку кола го нема во составот.
Тренерот на скопјани, Иван Чупиќ во изјава за 24ракомет потврди дека екипата има проблеми со повреди, а покрај Еспиња на листата на повредени е Махамаду Кеита и Милан Лазаревски.
Наскоро ќе се знае колку време Еспиња ќе мора да паузира, и дали клубот ќе мора да бара друг голман или ќе се потпре на Васил Гогов кој покажува одлична форма и на Милош Валах.
View this post on Instagram
Во првото дерби сезонава, Вардар со 33-31 го победи Охрид, а во тимот беше само Васил Гогов и Марко Богдановски. Во следното коло Вардар гостува во Кавадарци кај Тиквеш.