Дрогришки: Против Вардар мора да прикажеме борбена игра што ја краси нашата екипа

Старо-новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 имаше победнички старт во новата сезона и славеше кај Прилеп, а сега го очекува голем предизвик – Вардар доаѓа во Битола.

Капитенот Стефан Дрогришки не само во дресот на Еурофарм Пелистер 2, туку и со другите тимови каде настапуваше, има одиграно безброј дуели против „црвено-црниот“ тим.

Тој го најави гостувањето на Вардар и ги сподели очекувањата.

„После доброто отворање на сезоната, не очекува натпревар против Вардар. Мотивирани сме да прикажеме борбена игра која ја краси оваа екипа. Секако дека максимално се подготвуваме за овој натпревар во кој очекуваме голема поддршка од публиката и ‘Чкембарите’. Се надевам дека ќе уживаме во еден прекрасен натпревар“, изјави капитенот Дрогришки.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 се игра денеска во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:00 часот.