ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кузманоски направи две промени за реваншот со Дуделанж

Тимот на Бутел Скопје денеска го игра реванш натпреварот од двомечот против Дуделанж во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Избраниците на Горан Кузманоски славеа на првата пресметка на гостински терен со 31-27 во Луксембург.

Во составот на Бутел Скопје ќе се вратат Димитар Ѓеоргиевски и Рио Козакаи, додека ќе биде отсутен повредениот Давид Гришикашвили.

Гостинската екипа ќе настапи со истиот состав од првиот меч.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Дуделанж ќе се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.