Денеска ќе стартува новата сезона во Кадетската машка лига со 16 екипи поделени во две групи по осум.
Четири меча ќе бидат одиграни денеска, додека четири се на програмата во текот на утрешниот ден.
Шампионот Еурофарм Пелистер ја почнува одбраната на титулата на домашен терен, додека езерски двобој покрај во сениорска, ќе има и во кадетска конкуренција.
Вардар гостува во Штип кај Текстилец, додека Пролет ќе оди во Ресен.
Кадети, 1. коло, распоред на натпревари:
група А
13/09, 14:00, Текстилец – Вардар
14/09, 14:00, Мулти Есенс – Илинден Вардар
14/09, 14:00, Еурофарм Пелистер 2 – Младост
14/09, 19:00, Овче Поле – Радовиш
група Б
13/09, 12:00, Еурофарм Пелистер – Алкалоид
13/09, 16:00, Прилеп – Македонија Ѓорче Петров
13/09, 17:00, Преспа – Пролет
14/09, 14:00, Охрид – Струга
По завршувањето на регуларниот дел, во кој ќе се игра по еднокружен бод систем, првите четири екипи од двете групи ќе играат во четвртфинални двобои на 18/19 април, односно 24/25 април
Победниците ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот, кој ќе се игра на 9/10 мај.