🎥 „Нинџа битолски Хеидарирад“ – му фати зицер на Карачиќ за ТОП 5 одбрана на колото!

Медиа тимот на ЕХФ по комплетирањето на натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите, ги избра ТОП 5 одбрани.

Меѓу ТОП 5 одбраните на колото имаше место и за одбраната на голманот на Еурофарм Пелистер, Сеид Хеидарирад, на мечот со Загреб.

Иранецот со романски пасош му фати зицер на Карачиќ во моментите кога се кршеше резултатот и беше меѓу најзаслужните за триумфот.

Покрај Хеидарирад, ТОП 5 одбрани имаат и Нилсен од Барса, Норстен од Алборг, Ферлин од Келце и Али од Спортинг Лисабон.

Погледнете…