„Сино-белиот“ тим од Автокоманда денеска го игра реваншот од квалификациското коло во Лигата на Европа против германскиот Хановер.
По убедливиот пораз од десет гола на првиот меч, 37-27, тренерот Кирил Лазаров се реши за една промена во ростерот.
На местото на Никола Маркоски, шанса ќе добие кружниот напаѓач Кристијан Симоноски, додека Хановер ќе има само 14 ракометари во составот.
Тренерот Кристијан Прокоп реши поради високата разлика од првиот меч, на овој дуел да не игра првата ѕвезда – десниот бек Ренарс Усчинс.
Натпреварот во Автокоманда стартува од 19:30 часот, а судии ќе бидат Пирву и Потирниче од Романија.