По воведните два меча во кои Еурофарм Пелистер и Вардар славеа на гостувањата кај Бутел Скопје и Струга, денеска продолжуваат натпреварите од првото коло во Супер лигата.
Се очекува најинтересно да биде на дуелот меѓу Пролет и Тиквеш, откако нивниот меѓусебен натпревар на меморијалниот турнир во Прилеп беше решен на пенали. Гостите имаа големи промени во ростерот, но покажаа дека одново се конкурентни.
Прилепчани ќе бидат на голем испит против старо-новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2, од кој загубија убедливо во претсезоната.
Куманово оваа сезона конечно се враќа во реновираната спортска сала и сите домашни натпревари ќе ги игра во салата каде што своевремено го освои и трофејот во Купот на Македонија.
Момците на Аце Станковски ќе го пречекаат Радовиш и се фаворити за првите сезонски бодови во елитното друштво.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:30 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:00 КУМАНОВО – РАДОВИШ
19:00 ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ