Еден од учесниците на Струшкиот турнир, Раднички Крагуевац, новата сезона ја почнува со амбиции за чекор погоре од шестото место минатата сезона, а голем придонес во тоа ќе имаат искусните ракометари кои остануваат дел од тимот.
Меѓу нив е и 33-годишниот бек Душан Медиќ, екс член на Тиквеш, чија соработка со клубот е продолжена за една сезона.
Тој остави значаен белег досега во Раднички, а со своето искуство и квалитет треба да биде еден од клучните играчи на патот кон повисоки цели.
Медиќ почна со ракомет во родниот Апатин на 13 години, а во кариерата настапуваше за Металопластика, Шазаломбати, Спартак, Раднички, Тиквеш, Поатје, Сакарија, Врање и Гоч Меркур.
Познат е како играч кој може да ги покрие сите бековски позиции, со силен и прецизен шут, одлична визија за асистенција и пожртвувана игра во одбрана.