Николов и Начевски ќе го судат еден од најинтересните дуели во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат натпревар од групата Б, каде што се наоѓа и Еурофарм Пелистер.

Тие се делегирани на дуелот меѓу унгарскиот ПИК Сегед и полскиот шампион Висла Плоцк што е закажан за идната недела.

Тој дуел ќе се игра на 11 септември со почеток од 18:45 часот во „ПИК Арена“ во Сегед, а делегат ќе биде Словенецот Јанко Пожежник.