Додека Еурофарм Пелистер ја славеше титулата во Супер Купот, клупата на Вардар протестираше и бараше пенал, тврдејќи дека Дејан Манасков имал некоректно спречување на изведување на удар од центар. Бараа вардарци пенал надевајќи се дека тама може да израмнат.
Судиите Виктор Начевски и Даниело Божиновски ја прегледуваа снимката, но на крај решија дека немало ништо спорно. Тоа доведе до уште поголеми протести од тимот на Вардар. На тренерот Иван Чупиќ му беше покажан директно црвен картон, и веднаш потопа и син картон.
Еурофарм Пелистер победи со 28-27 со гол на Осама Хосни во последните секунди. Претходно битолчани имаа предност од четири гол, но Вардар анулираше, па останаа уште 15 секунди од кои го дадоа победничкиот гол.
Еве ја спорната ситуација за која Вардар се жалеше.