СКОПЈЕ 2025: Металург Автокоманда отвори со пораз

Еден од двата македонски претставници, Металург Автокоманда, со пораз од екипата на Бор со 27-21 го отвори настапот на регионалниот турнир во Скопје.

Гостите од Србија доминираа во текот на целиот натпревар и имаа предност, а на паузата водеа со 14-9.

Во второто полувреме не се променија многу рабтите на теренот, па Бор рутински го доврши натпреварот и ги запиша првите бодови.

Во вториот натпревар од денешниот прв натпреварувачки ден ќе се сретнат македонскиот и црногорскиот првак, Ѓорче Петров против Будуќност.