Македонски репрезентативец потпиша за францускиот Кретеј

Македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ е ново засилување на францускиот прволигаш Кретеј. Договорот е потпишан на две години, а клубот денеска официјално ја потврди соработката.

Тимот од Кретеј бараше лев бек за да игра заедно со Давид Иглесијас, а изборот падна токму на Младеновиќ, кој веќе неколку недели беше на проба. Овој 193 сантиметри високиот и 96 килограми тежок бек ги убеди тренерите дека е вистинското решение.

Младеновиќ во Франција доаѓа од тимот од Автокоманда  а претходно настапуваше и за Охрид и Металург. За него ова ќе биде прво интернационално искуство надвор од Балканот, но од клубот велат дека брзо се интегрирал во новата средина и дека е подготвен да му помогне на тимот во предизвициите што следат.

Останува да се види дали откако направи интернационален трансфер и натаму ќе биде на листата на репрезентативци, особено што следува ЕП 2026.