Младост Богданци го намачи Куманово на денот на прославата

Амбициозниот прволигаш Младост Богданци на прославата од 48 години постоење одигра пријателски натпревар против суперлигашот Куманово.

Момците на Аце Станковски триумфираа со 31-30, иако во најголемиот дел од натпреварот беа во негатива.

Домаќините водеа и со пет голови разлика во текот на првиот дел, а на пауза водеше со 16-12, додека во вториот дел гостите направија пресврт.

Најдобри стрелци кај Младост Богданци беа Даниел Андоновски со осум гола и Лазар Адамовиќ со шест погодоци.