Она што 24ракомет го најави, сега стигна како официјална потврда, Суперкупот на Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во Кавадарци, на 3 септември.
Средбата е закажана за 19 часот. Веќе се пуштени и билетите во продажба, и цената е 200 денари. Истите може да се купат преку продажната мрежа на МкТикетс. Нема нумерирање на седиштата, ниту избор на трибина. Со едно купување може максимум да се нарачаат 10 билети.
Дуелот за Супер Купот традиционално ја крева завесата на ракометната сезона, а Еурофарм Пелистер како актуелен шампион, и Вардар како побендик на Купот ќе го одиграат мечот во Кавадарци.
Тоа ќе биде трето соочување за двата тима пред почетокот на сезоната. Играа меѓусебе на турнирот во Охрид, и тој дуел го добија битолчани. На 30 август треба повторно да играат, но на турнирот во Скопје.