Екипата на Прилеп последните сезони се етаблираше како сеирозне и стабилен клуб, но секогаш за „малку“ не успеваше да стигне меѓу најдобрите шест и да разигрува за титулата. Летово донесоа нов тренер и неколку засилувања, со кои прилепчани веруваат дека ќе можат да направат „скок“ што го посакуваат и го очекуваат.
Тренерот Наум Танески кој досега секогаш беше „врзан“ за Струга, а истовремено е и селектор на младинската репрезентација, реши да излезе од „конфорната зона“ и да го прифати предизвикот.
„Прилеп сака да игра воплејофот. Има поголем буџет од Струга, подобро услови. Сакав да го прифатам тој предизвик. Ова е исчекор и за мене и за Прилеп, вели Танески во разговор за „Шампион“.
Екипата на Прилеп го освои второто место на турнирот „Миле Нешкоски“ што се организираше во Прилеп. Тие во финалето беа надиграни до Еурофарм Пелистер 2, со 32-26. Со истиот ривал ќе играат и во првото коло во Супер лигата.
„Следната недела ќе играме уште еден контролен меч. Видовме кој колку може, и за подготвител период е доволно. Не покажавме се тука. Има неколку екипи што ќе се борат за плејофот, и ќе биде навистина интересно сезонава, изјаваи Танески.
За новата сезона покрај тренерот Наум Танески, засилувања се и Димитар Димитриоски, Сандро Дарсанија и Божидар Лековиќ. Нови соработки беа потпишани со странците Владан Кастратовиќ, Томислав Квастек и Денис Шабановиќ, како и со Александар Тренчевски и Иван Ангелески.