Загреб најде замена за Мандиќ

По заминувањето на Матеј Мандиќ во редовите на германскиот Магдебург, ракометниот клуб Загреб веднаш реагираше и на негово место го доведе младиот црногорски репрезентативец Харис Суљевиќ.

Станува збор за 24-годишен голман кој во изминатите четири сезони ги бранеше боите на Извиѓач од Љубушки, токму клубот каде што настапуваше и Мандиќ пред трансферот во Загреб.

Интересно е што Суљевиќ ова лето веќе потпиша за шпанскиот Кангас, но по само дваесетина дена договорот беше откупен од страна на Загреб.

Со ова, хрватскиот првак добива ново младо и талентирано решение меѓу стативите, подготвено да ја преземе улогата од Мандиќ. Суљевиќ потпиша договор на четири сезони со Загреб.