Ресен доби нов ракометен клуб, во името на ГРК Преспа кој ќе почне со натпревари во новата сезона во прволигашката конкуренција
Клубот е фузија на Преспа Вардар и Младост Ресен, екипи кои во изминатите години создадоа плејада на играчи.
Дел од новата клупска управа се Александар Крстевски, Николче Даскаловски, Никола Ставревски, Дејан Петровиќ и Дане Ѓоргиевски.
Покрај Струга и Битола, Ресен е еден од градовите што има голем број суперлигашки ракометари во изминатите години.
Некогашниот македонски шампион Преспа Јафа Промет, беше првиот клуб од овие простори што обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите.