Никој како Диви – Ангелов се уште царува во Франција!

Легендарниот македонски чувар на мрежата Петар Ангелов – Диви, и по цели 18 години останува сопственик на рекордот со најмногу одбрани на еден натпревар во елитното француско првенство.

Според официјалната статистика на француската лига, во 2007 година, на дуелот меѓу неговиот некогашен клуб Трембле и ПСЖ, Ангелов оствари 28 интервенции, што и денес претставува рекорд. Токму со таа блескава партија македонскиот чувар на мрежата беше клучен за победата на Трембле со 30-24.

Од тогаш до денес, ниту еден голман во Франција не успеа да го надмине овој импресивен учинок.

Медиа тимот на француската лига повторно го потенцираат подвигот и се прашуваат дали во сезоната 2025/26 конечно ќе се најде голман кој ќе може да го достигне Диви.