Томовски е херој – Битигхајм освои трофеј во Шпанија!

Тимот каде што брани Мартин Томовски, Битигхајм, со трофеј во претсезоната се загреа за официјалните натпревари.

Битигхајм беше најдобар тим на „Сантандер Куп“, откако во финалето славеше против Торелавега со 39-38 по удари од седум метри.

Јунак на натпреварот беше македонскиот чувар на мрежата, кој бранеше од финишот на првото полувреме до крајот на мечот и запиша девет одбрани.

Регуларниот дел заврши 34-34, а потоа на сцена стапи одново Томовски, кој одбрани уште два пенали, еден од нив решавачки за победата и трофејот.

Ова е одлична увертира за Томовски во новиот клуб, на кој му помогна на Битигхајм да се пласира во втората рунда од Купот на Германија, но и да освои трофеј во Шпанија.