Тимот на Фуксе Берлин вторпат по ред го освои трофејот во Супер Купот на Германија, откако славеше по пеналите над Кил со 34-33. „Лисиците“ водеа со пет гола на пауза, 19-14, но вториот дел Кил се врати во игра и регуларниот дел заврши 31-31.
Матијас Гидсел беше најдобар стрелец во победничкиот состав, додека исто толку кај Кил даде Елијас Елефсен Скипаготу.
Кај дамите во Германија, трофејот во Супер Купот го освои Турингер кој го победи Бенсхајм со 31-30, иако ривалот водеше на паузата со четири гола, 14-10.
Во Романија играа и мажите и жените, а двата трофеи заминаа во Букурешт. Кај мажите, Динамо ја победи Баја Маре со 32-24, додека кај жените ЧСМ славеше во драматичен натпревар против Глорија Бистрица со 40-39 по продолженија.
Во женскиот Супер Куп натпревар во Данска, Оденсе триумфираше против Есбјерг со 33-30. Тале Деила беше најдобар кај победникот со шест гола, а Табеа Шмид со седум беше најдобра кај поразените.
Во Португалија, Спортинг Лисабон беше подобар од Порто со убедливи 36-29 и го освои трофејот во Супер Купот. Франциско Кошта даде девет гола за победникот, а кај Порто се истакна Хосе Фереира со шест гола.
Во Русија, ЦСКА Москва го победи Зенит со убедливи 35-27 и третпат по ред го освои трофејот во Супер Купот.