OХРИД 2025: Домаќините на нов испит – во поход на втор трофеј за седум дена

Денеска е финалниот ден на 4. издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ на кои ќе се одиграат четири натпревари.

Најинтересно ќе биде на вечерната програма. Од 20:00 часот ќе се соочат Охрид и Еурофарм Пелистер во финалниот натпревар, додека претходно во битката за третото место ќе играат Вардар и хрватскиот вицепрвак Нексе.

Во утринската сесија од 11:00 часот ќе играат шампионот на Фарски Острови, Киндил и српскиот Динамо Панчево, додека од 13:00 часот за петтото место ќе се борат словенечкиот Тримо Требње и српскиот Партизан.

Охрид може да стигне до првиот трофеј на домашниот турнир, додека битолчани можат да го освојат вториот откако беа најдобри во 2023 година.

Распоред на натпревари „Крсте Андоновски“:

11:00 Киндил – Динамо Панчево
13:00 Партизан – Тримо Требње
17:45 Нексе – Вардар
20:00 Охрид – Еурофарм Пелистер