ПРИЛЕП 2025: Познати финалистите – Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 за трофеј на „Миле Нешкоски“

По одигрувањето на натпреварите од второто коло на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, познати се двата тима што ќе играат во финалето.

Тоа се домаќинот Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 кои имаат по две победи, па натпреварите од третото коло нема да имаат значење за првото место во групите.

Еурофарм Пелистер 2 по успешната премиера и победа над Пролет, славеа и против Црвена Звезда со 35-29.

Најдобри стрелци во победничкиот тим без Азиз Махфуд со десет, како и Ненад Белистојаноски и Христијан Митревски со по седум голови. Во поразениот тим по шест гола имаа Урош Станиќ и Виктор Матичиќ.

Домаќинот Прилеп со голот на Томислав Квастек во последната секунда славеше против Тиквеш со 24-23. Прилепчани беа предводени од Димитар Димитриоски со осум гола, додека Коцев, Чејовиќ и Ахмед дадоа по пет гола.

Дуелите меѓу Црвена Звезда и Пролет, односно Бутел Скопје и Тиквеш, ќе решат кои екипи ќе играат за третото и петтото место.