Ракометарите на Вардар го победија составот на Тримо Требње со 32-30 и му направија голема услуга на големиот ривал Еурофарм Пелистер. Со оваа победа вардарци себе си го обезбедија второто место во групата, а тоа носи битка за третото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, додека Еурофарм Пелистер ќе игра за трофејот.
Во првото полувреме словенечкиот тим лесно ја пробиваше одбраната, водеше и со четири гола, но како одминуваше времето така вардарци се враќаа во игра. Чупиќ беше лут на своите избраници кои дозволуваа лесни голови, а во нападот немаа најидеални решенија.
На паузата беше 16-15 за Тримо, на стартот на второто полувреме се разиграа Талески и Горига и за десетина минути Вардар направи голем пресврт и се одлепи на плус три, 23-20.





Тримо – Вардар
Момците на Бранко Тамше беа упорни, играта на Вардар осцилираше, па предноста на „црвено-црните“ се движеше меѓу еден и два гола. Но Боно го раздвижи нападот, реализираше три пати во серија и македонскиот вицепрвак отиде на плус четири, 29-25.
Тоа беше причина за Тамше да побара тајм-аут, па Словенците врзаа два гола во серија и ги продолжија надежите за позитивен резултат. Се разбрани замената за Лесјак на голот на Тримо, Херцег, па Тримо на две минути до крајот имаше минус еден, 31-30.
Дилемите околу победникот ги реши пивотот Јанковски, кој даде гол на почетокот на последната минута за 32-30 и веќе немаше време за нешто повеќе за словенечкиот тим.