Навивачите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер може да здивнат кога се работи за повредата на голманот Сеид Хеидарирад.
Тој се повреди на вчерашното дерби против Вардар во рамките на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.
Но не се работи за најстрашното, па тој ќе мирува една недела и би требало да биде спремен за официјалниот дел од сезоната.
Хеидарирад имаше блескав настап и запиша 15 одбрани и еден погодок на мечот со Вардар, но потоа и Брестовац беше одличен на голот.