Куманово славеше против Кастриоти

Тимот на Куманово славеше на вториот пријателски натпревар пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Избраниците на тренерот Аце Станковски победија на гостински терен кај екипата на Кастриоти од Косово со 37-34.

На полувремето Куманово водеше со 20-18 против амбициозниот домашен тим кој е предводен од македонскиот стратег Владимир Глигоров.

Претходно кумановци загубија на првата контрола што ја одиграа во Битола против Еурофарм Пелистер 2.