Божиновски и Начевски ja oтвораат сезоната – ќе судат во квалификации за ЛЕ!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првите натпревари во Лигата на Европа оваа сезона.

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија задача на првиот квалификациски натпревар од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Тие ќе го судат мечот меѓу шпанската Бидасоа Ирун и португалската Брага, на кој делегат ќе биде Французинот Ревере.

Овој дуел е закажан за 30 август од 18:30 часот во салата „Арталеку“ во Ирун, а реваншот е на 6 септември.

Ацо Николовски ќе биде делегат на реваншот од квалификациите меѓу српскиот Партизан и чешката Бањик Карвина на 6 септември во Нове Место.