ПРИЛЕП 2025: Домаќинот на мегдан на Бутел Скопје, Пролет на испит со Еурофарм Пелистер 2

Денеска во градот-херој стартува 10. издание, јубилејно, на меморијалниот турнир посветен на легендарниот Миле Нешкоски.

Покрај домаќинот, на турнирот ќе играат пет македонски екипи и еден тим од Србија – Црвена Ѕвезда, кој е предводен од легендарниот Жикица Милосављевиќ.

Првиот ден од турнирот ќе започне со полагање на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски, а натпреварувачката програма стартува од 18:00 часот.

Ќе се сретнат новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 и екипата на Пролет, додека од 20:00 часот е пресметката меѓу Прилеп и Бутел Скопје.

Распоред на натпревари

18:00 Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Бутел Скопје