ОХРИД 2025: Спектакл покрај езерото – прва сезонска епизода од македонското „Ел Класико“

Денеска се играат натпреварите од третиот натпреварувачки ден на четвртото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а за македонската јавност најинтересен ќе биде последниот.

Најпрво ќе се сретнат екипите на Партизан и Киндил од Фарски Острови, на кој српскиот првак е фаворит, но и ипри евентуален триумф, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ немаат шанси за првото место и финале.

Во втората пресметка ќе играат српскиот Динамо Панчево и словенечкиот Тримо Требње, кој по ремито со Еурофарм Пелистер останува во трка за првата позиција на табелата.

Шлагот на вечерта ќе биде македонското „Ел Класико“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, на кое првпат сезонава ќе ги видиме најдобрите македонски тимови во меѓусебен дуел.

Битолчани по ремито со Тримо мора да одат на победа ако сакаат да останат во трка по првата позиција, додека вардарци се помирни бидејќи имаа в џеб победа над Динамо Панчево, но нив ги чека пресметка со словенечкиот тим.

Распоред на натпревари:

16:30 Партизан – Киндил
18:45 Динамо Панчево – Тримо Требње
21:00 Еурофарм Пелистер – Вардар