Еурофарм Пелистер 2 триумфално против Куманово

Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 ја оствари првата победа на пријателските натпревари пред стартот на сезоната.

Битолчани го совладаа Куманово со 27-25, иако на полувремето имаа негатива од три погодоци, 15-12.

Двете екипи ја одработуваат втората фаза на подготовките во која ќе одиграат пријателски средби пред официјалниот старт на сезоната.

Еурофарм Пелистер 2 ќе биде дел од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп и ќе игра против Црвена Звезда и Пролет.