Дождот неретко знаел да направи проблеми на Струшкиот турнир, а таков е случајот и оваа години.
По само неколку минути игра на мечот за третото место меѓу турската Бурса и Тиквеш, тој беше прекинат.
Влажниот терен на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ може да биде причина за повреди, па организаторите решија дуелот за третото место да продолжи во СЦ „Тими“.
Бурса и Тиквеш ќе продолжат по 20:15 часот, додека за финалниот натпревар ќе има дополнителна одлука каде ќе се игра во зависност од временските услови.

























