Ракометарите на Струга по вторпат загубија на Струшкиот турнир, овојпат од турската Бурса со 37-28. Гостите од Турција со овој триумф имаат три бода и ќе се борат за третото место, односно ќе играат во малото финале против Тиквеш или Бутел Скопје, додека Струга во утринскиот термин ќе игра против Раднички Крагуеваец во битката за петтото место.
Бурс отвори одлично и поведе со 4-1, но стружани покажаа дека имаат свои квалитети и по десетина минути направија комплетен пресврт, 6-5, со голот на капитенот Костоски.
Но домаќините промашија два пенали во продолжение, Бурса се созема и успеа да ја врати контролата на теренот, 9-7. Жарко Ферукоски побара тајм-аут, со неколку интервенции на Ѓурѓевиќ, Струга успеа да врати на минус еден, но не и да се закани со пресврт.





Струга – Бурса
Попушти домашната концентрација во финишот и Бурса отиде со солидна залиха на паузата, 18-14. На стартот на второто полувреме гостите од Турција отидоа на плус шест и младиот тим на Струга немаше сили за нешто повеќе.
Во редовите на Бурса, Ерсин даде шест гола, а по пет имаа Ѓурѓевиќ, Билим и Соѓукпинар, додека кај Струга, Костов стрелаше осум пати, пет гола имаа Мечкароски и Костоски. Голманите Ѓурѓевиќ и Тутенкоски запишаа десет одбрани.
Утре во 10:30 часот, Струга ќе игра против Раднички Крагуевац за петтото место, од 18:45 часот е битката за третото место меѓу Бурса и поразениот од дуелот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје, а победникот од оваа средба ќе игра во финалето против Охрид од 20:45 часот.