Со почетокот на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ од 19 август, стартува продажбата на сезонскиот билет за сезона 2025/2026!
Сезонскиот билет ќе се продава исклучиво на билетарницата на „СРЦ Билјанини извори“.
Сезонскиот билет важи за сите домашни натпревари во Супер лигата и плеј-оф натпреварите, како и за Купот на Македонија, со исклучок на Ф4 натпреварите од Купот.
Цената на сезонскиот билет со официјалниот дрес на Охрид изнесува 3000 денари.
Сезонскиот билет важи само за натпреварите од домашните конкуренции, но не и за натпреварите на Охрид во Европскиот Куп на ЕХФ.