Роден во Битола, израснат во Струга, па затоа и сите велата „стружанецот“ Аце Јоноски е само еден мал дел од многуте ракометари кои израснаа во врвни имиња, со интернационална кариера а токму на отвореното игралиште во Струга ги направил епрвите ракометни чекори. Додека се одржува 53. издание на турнирот во Струга, Јонсоки е на одмор во родниот град и секако следи дел од натпреварите.
Трипати го има освојувано турнирот, со три различни екипи, со Вардар, со Пелистер и со Металург. Бил прогласуван за најдобар играч… Одлична прилика да поразговараме, да се присетиме на некои други времиња…
„Освојување на турнир во Струга го навестуваше шампионот и куп освојувач и ја покажуваше силата на една екипа, вели Јоноски.
Во разговорот за 24Ракомет, Јоноски открива и што е тоа што Струга го има, да вади репрезентативци како никој друг центар во Македонија. Ако ги наброиме сите играчи сигурно може да се направат две репрезентативни состави
„Посветеноста и овие деца, кои постојано го следат турниот. Тоа се деца кои од мали нозе гледаат свои идоли. Влегува „ракометна инфекција“ во тие деца. Во летниот период кога сите екипи одмараат, тука во Струга постојано се игра ракомет, на ова игралиште, се плива, се работи. Децата се посветени, смета Јоноски.
Јоноски беше дел и од стручниот штаб на репрезентацијата, но после СП 2023 едноставно „го снема“. Причината беше приватана, но секако контактите со луѓето од репрезентацијата останаа.
Проследете го целиот разговор со Ацо Јоноски…