Драчево Јуниор со поглед кон елитата – „тргна“ со тренинзи за новата сезона

Амбициозниот состав на Драчево Јуниор ги започна тренинзите пред стартот на новата прволигашка сезона.

Тренерот Велимир Настески ја изврши првата прозивка, а во неговиот стручен штаб ќе бидат Игор Панев како асистент и тренерот на голмани, односно кондициски тренер Борче Ангеловски. Спортски директор на клубот ќе биде Илија Чокрев.

По фузијата меѓу Драчево и Јуниор Кисела Вода, апетитите се зголемени, па клубот посакува битка за суперлигашката конкуренција, иако ќе има големи конкуренти во Младост Богданци, Вардар Неготино, Македонија Ѓорче Петров…

Драчево Јуниор ги донесе еден од најдобрите прволигашки стрелец – Филип Петровски, како и Филип Фидановски, Андреј Крстевски, Мартин Павличковски, Александар Стојменов и Антонио Николовски, а до стартот на сезоната се очекуваат уште неколку нови имиња.

Во првото коло од новата прволигашка сезона на 13/14 септември, Драчево Јуниор ќе игра дома со Шампион.