Денеска публиката на теренот „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе има можност да гледа два интересни дуели.
Од 18:45 часот се среќаваат тимот на Тиквеш од Кавадарци и Раднички Кргауевац, а овој дуел ќе даде одговор, дали српскиот тим ќе направи исчекор кон финале, или затоа ќе решаваат Тиквеш и Бутел Скопје во последното коло.
Српскиот тим одигра добар натпревар против бутелци, а кавадарчани се енигма затоа што имаат големи промени во ростерот, па тешко е однпаред да се предвиди каков ќе биде исходот.
Од 20:55 часот ќе се игра дуелот меѓу „новиот“ Охрид кој донесе големи засилувања и доколку слават охриѓани против турската Бурса ќе бидат првиот финалист на Струшкиот турнир. За разлика од вчера против Струга, денеска шанса да ги покажат своите квалитети ќе имаат сите нови засилувања на Охрид.
Бурса има познати имиња во ростерот – екс „гладијаторот“ Деан Шешиќ, потоа ветераните Толга Озбахар и Рамазан Доне, па нема да биде лесен залак за тимот на Борис Ројевиќ.