Пак ќе биде „светец“ – Коралес ќе го брани голот на ПСЖ

Еден од најдобрите светски голмани, Родриго Коралес, по крајот на сезоната 2025/26 ќе стави крај на својата петгодишна авантура во унгарскиот Веспрем и повторно ќе го брани голот на ПСЖ.

Шпанскиот репрезентативец веќе потпиша двегодишен договор со францускиот гигант, каде што настапуваше од 2017 до 2020 година, пред да замине во Унгарија.

Во редовите на Веспрем, Коралес освои три шампионски титули, четири Купови на Унгарија и една титула од Светското клупско првенство.

Родриго Коралес е производ на школата на Барселона, а во својата богата кариера бранеше и за Висла Плоцк и Куенка.