ПРИЛЕП 2025: Еве кои судии ќе ја делат правдата на турнирот „Миле Нешкоски“

Денеска стартува 10. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а познати се и официјалните лица.

Меѓу судиите на овој турнир се Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, Александар Шуковски и Иван Илиевски, Дејан и Димитар Георгиевски, Методија и Михајло Илиевски, како и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

На делегатската листа на турнирот „Миле Нешкоски“ се Илија Цветкоски, Александар Стефановски, Љупчо Јаневски, Камер Металари, Сашо Јанкуловски и Игор Огненов.

Во групата 1 се екипите на Бутел Скопје, Прилеп и Тиквеш, додека во групата 2 се Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и Црвена Звезда.