Прва мундијалска задача за Металари и Николовски

Македонија не игра на Мундијалот за кадети во Египет, но нашата земја има претставници меѓу официјалните лица.

Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе судат на 11. издание на Светкото првенство за ракометари до 19 години.

Металари и Николовски ја добија првата задача на Мундијалот и ќе го судат мечот меѓу Унгарија и Мароко.

Овој натпревар на кој голем фаворит е европската селекција ќе се игра денеска со почеток во 17:15 часот.