Прволигашот со суперлигашки амбиции, Младост Богданци, ги стартуваше подготовките за претстојната сезона.
Новиот стратег Горан Андоновски смета на сите ракометари кои го засилија клубот, освен на пивотот Никита Соколов од Белорусија, кој дополнително ќе се приклучи.
Младост Богданци ги донесе голманот Кристијан Костадиновски, левото крило Гоце Аргиров, десното крило Никола Димитров, средниот бек Даниел Андоновски и десниот бек Лазар Адамовиќ.
Тимот ќе се подготвува во Богданци, а дел од закажаните пријателски натпревари ќе ги одигра во Дојран.
Договорени се натпревари со Еурофарм Пелистер 2, Радовиш и Куманово, а Младост Богданци во првото коло од новата сезона ќе се сретне со Астраион.