Тројца странци доаѓаат во Кавадарци!

Покрај левиот бек Томче Стојановски, кој доаѓа од Вардар, тимот на Тиквеш од Кавадарци ја освежи бековската линија со уште двајца странци, а донесе и грузиски репрезентативец на линијата од шест метри.

Станува збор за братот на левиот бек од Бутел Скопје (Давид Гришикашвили), Гиорги Гришикашвили, кој има 20 години и доаѓа во Кавадарци на местото на Кристијан Атанасовски.

Како што објави 24Ракомет, на десната бековска позиција доаѓа египќанецот Мохамед Ахмед Ел Масри, како и Португалецот со анголски пасош, Аугусто Аранда. Аранда потекнува од школата на Бенфика, играше за првиот и вториот тим, беше дел од шпанскиот Кангас, германскиот Дансенберг, една сезона мина во францускиот Гренобл, а од 2021 игра за француски нисколигаши.

Претходно кавадарчани го договорија голманот Василије Печурица, а во Тиквеш останаа Марјан Велков, капитенот Страхиња Симиќ, Мартин Манасков, Димитар Коцев, Мартин Димовски, како и младите Блашко Бакев, Александар Симоновски, Димитриј Ангелов, Матеј Петрески, Мартин Тодоров, Мики Лазов, а стручниот штаб останува истиот со Кристијан Грчевски и Боро Ѓорѓиев.